Челси ќе се обидат во летниот преоден рок да го донесат на „Стенфорд Бриџ“, Ерлинг Халанд. За да соберат пари за трансферот, клубот има план да продаде 12 фудбалери. Некои од нив се дел од актуелниот состав, а дел играат како позајмени во други клубови.
Челси процениле дека со 200 милиони фунти ќе можат да го реализираат трансферот на Норвежанецот. Тука е пресметано обесштетувањето и платата на фудбалерот.
Од 12 фудбалери кои се на продажба, највреден е Тами Ејбрахам. Напаѓачот за кого интерес покажале Вест Хем и Милан, според клубот вреди 40 милиони фунти. Солидна сума Челси планира да заработи и од продажбите на Фикајо Томори, Миши Батшуаи, Курт Зума и Давиде Запакоста.
Халанд има договор со Борусија Дортмунд до јуни 2024 година. Сезонава постигнал 37 гола и забележал 11 асистенции.