Единсон Кавани вчера уште еднаш покажа колку вреди во тимот на Манчестер јунајтед, предводејќи го тимот до блескава 6:2 победа над Рома во првиот меч од полуфиналето на Лига Европа, и сега според аргентинскиот „ЕСПН“ одлучил да остане на „Олд Трафорд“ и покрај силните шпекулации дека не му се допаѓа животот во Англија.
Уругвајскиот ветеран претходно беше поврзуван со враќање во Јужна Америка, односно остварување на сонот да игра за аргентинскиот Бока јуниорс, меѓутоа, според „ЕСПН“ одлучил дека му е добро во Јунајтед и дека ќе остане барем уште една сезона, а договорот ќе биде потпишан следната недела.
Кавани оваа сезона одигра 33 меча за Јунајтед (од кои на многумина влегуваше како замена) и постигна вкупно 12 гола и имаше 5 аситенции.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк