Поранешниот напаѓач на Милан, а сега украински селектор, Андриј Шевченко даде интересно интервју за „Кориере дела сера“ во кое зборуваше за кошмарите кои три месеци ги имал по (не)славниот пораз од Ливерпул во Лигата на шампионите, но и за бизарната опсесија на неговиот поранешен соиграч, Филипо Инзаги со фудбалот.
Украинецот освои две титули од ЛШ со Милан, но го загуби финалето во Истанбул против Ливерпул во 2005, кога Милан имаше 3:0 предност на полувреме, а потоа загуби на пенали.
„Следните три месеци ќе се разбудев врескајќи во ноќта. Понекогаш размислувам за тој меч повторно. Некои мои соиграчи никогаш не го одгледале повторно мечот, но јас го знам на памет. Ливерпул имаа шанси еден од сто и не се предадоа. Тоа мора да им се признае“, вели Шевченко.
Тој исто така се потсети на интересна случка пред финалето од ЛШ во 2003, кога го победија на пенали Јувентус.
„Пипо секогаш бил опседнат со фудбалот. Утрото пред финалето, се разбудив и погледнав низ прозорецот. Бевме сместени во хотел во близина на терен за голф. Видов некој како трча сам, се движи, и потоа гледа наназад дали некој невидлив судија му досудил офсајд. Тоа беше Пипо“, додава Украинецот.