Јапонскиот сумо борач Хибикирју почина на 28 години, еден месец откако доби повреда на главата на последниот голем турнир пред еден месеци.
Хибикирју, чие вистинско име беше Мицуки Амано, починал од откажување на белите дробови во болницата во Токио и покрај тоа што претходните денови покажувал знаци на опоравување. Борачот бил повреден при поразот на 26 март, кога колабираше во арената и падна на глава и доби мозочен удар.
Тој лежеше на подот неколку минути пред да добие медицинска помош и да биде однесен во болница поради повреда на главата и на ‘рбетот. Неговата смрт предизвика бес кај фановите и другите сумо борачи поради лошата интервенција на медицинскиот тим и недоволната медицинска помош која ја имаат борачите.