Top Sport

Сити се на чекор до титулата во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер сити, во Лондон, го победија Кристал Палас со 2:0 (0:0), во 34.коло. „Граѓаните“ со оваа победа ставија една рака на шампионскиот пехар.

Манчестер сити имаат 80 поени, 13 повеќе од Манчестер јунајтед. Доколку, Јунајтед утре забележат пораз од Ливерпул, тогаш Манчестер сити и теоретски ќе ја обезбедат титулата.

Против Кристал Палас, Сити настапија со комбиниран состав, се мачеа во првото полувреме, а потоа во интервал од 120 секунди во вториот дел ја обезбедија победата.

Брилијантен гол за предност од 1:0, постигна Серхио Агуеро во 59.минута. Две минути подоцна конечниот резултат го постави Феран Торес.

Scroll to Top