Top Sport

Мурињо не планира да работи наредната сезона

„Немам никакви планови“, одговорил кратко на прашањето на „Тајмс“, дали има во план да води некој клуб, португалскиот тренер Жозе Мурињо.

Мурињо пред две недели доби отказ во Тотенхем. На клупата на овој клуб тој се задржа 17 месеци.

„Немам никакви планови. Продолжувам со нормалниот живот, се чувствувам свежо. Мирен сум, сега сум на одмор. Имам време да си ги работам домашните и да го анализирам фудбалот. Ќе му се вратам на фудбалот. Не само во вистински клуб, туку таму каде што има вистинска фудбалска култура. Можеби е рано да се вратам наредната сезона, ќе видиме“, рекол Мурињо.

Пред Тотенхем, Мурињо беше тренер на Манчестер јунајтед, Реал, Интер, Челси и Порто. Сезоната во Тотенхем му е прва во која доживеал десет порази.

Scroll to Top