Кошаркарите на Кливленд Кавалирс во претсезоната загубија од Вашингтон Визардс 102:94, а натпреварот го обележа спектакуларното забивање на играчот на Кливленд, Џеф Грин.
Грин (32), кој веќе цела деценија игра во НБА-лигата, во втората четвртина во стилот на Мајкл Џордан изведе спектакуларно забивање, кое, според Американците, е еден од најдобрите во изминатите неколку сезони.
Пред да забие, Грин ја држеше топката речиси еден метар над обрачот.
Инаку, во претсезоната актуелниот вицепрвак сѐ уште нема победа, но трите порази за тренерот Тајрон Лу не се загрижувачки бидејќи во претсезоната ги форсира играчите од клупата, а главните ѕвезди Леброн Џејмс, Кевин Лав, Двејн Вејд имаат лимитирана минутажа. н.ц.