Top Sport

Улм и Тофаш ја отвораат 16. сезона во Еврокупот

Улм и Тофаш вечерва ќе ја отворат 16. сезона во кошаркарскиот Еврокуп. Германско-турската пресметка се игра во рамките на Д-групата, во која уште партиципираат Асвел (Франција), Тренто (Италија), Гран Канарија (Шпанија) и Зенит (Русија).

Еврокупот од оваа сезона брои 24 екипи кои ќе се борат за титулата, кои се распоредени во четири групи. Победникот ќе обезбеди директен пласман во Евролигата во сезоната 2018/2019.

Второто според квалитетот натпреварување на УЛЕБ низ годините минува во доминација на тимовите од Шпанија и Русија, а во последните осум години само турски Галатасарај (2016 година) успеа да го разбие монополот на тимовите од овие две земји.

Обложувачниците најмногу шанси за освојување на титулата му даваат на шампионот од 2013 година, Локомотив Кубан, втор е освојувачот на Еврокупот во 2012 година, Уникс Казањ, а зад рускиот двоец се турските Галатасарај и Дарушафака, односно минхенски Баерн.

Еврокуп, сезона 2017/2018:

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top