Валтери Ботас, го спречи колегата Луис Хамилтон да ја освои 100 пол-позиција во кариерата. Финецот, за седум илјадити делови од секундата, беше побрз од Бтитанецот и утрешната Голема награда на Португалија ќе ја започне од првото место.
Валтери Бптас, на патеката во Портимао ја освои 17.пол-позиција во кариерата, прва оваа сезона. На Хамилтон за „влакно“ му избега јубилејот. Британецот беше прв на стартот на минатата трка во Имола.
Вториот стартен ред го освоија возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез. Следуваат Карлос Саинц од Ферари, изненадувањето од Алпин Естебан Окон, Ландо Норис од Мекларен, Шарл Лекерл од Ферари, односно Пјер Гасли од Алфа таури и Себастијан Фетел од Алфа Ромео.
Трката за Големата награда на Португалија утре ќе стартува во 16 часот.