Леброн Џејмс, изминатата ноќ, се врати на терените по пауза од месец и пол дена. Леброн истакнал дека вложил големи напори за да им се приклучи на соиграчите.
„Брзав да се вратам. Часови и часови минав во тренирање и рехабилитација. Повеќе време минував во вежбална отколку во кревет. Последните шест недели само тоа го правев“, рекол Леброн.
Тој признал дека на возраст од 37 години процесот на рехабилитација се потешко му паѓа.
„Знаев дека не можам да се вратам на 100 отсто. Тоа е невозможно. Мислам дека никогаш повеќе нема да бидат 100 отсто подготвен“, искрен е Леброн.
Лејкерси се петти на Западот со скор од 36 победи и 27 порази.