Фудбалерите на Манчестер сити се блиску до освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата. „Граѓаните“, утре во случај на пораз на Манчестер јунајтед и теоретски ќе ја освојат титулата.
„Можеме да го ставиме шампањското да се лади, но се уште нема да го отвориме. Можеме да размислуваме на таа тема. Премиер лигата е тука, во нашите раце е. Ни треба една победа или два бода“, рекол менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.