Top Sport

Борусија преку Кил до финалето на Купот

Борусија Дортмунд ќе се бори со Лајпциг за трофејот во Куп на Германија. Во полу-финалето „милионерите“ го декласираа Кил со 5:0.

Дуелот со вторлигашот, фудбалерите на Борусија го решија во првото полувреме кога ги постигнаа головите.

Првите два гола ги постигна Рејна, потоа погоди капитенот Ројс, па Торган Азар и на крајот Белингем.

Борусија последне пат во финалето на Купто играа во 2017 година, кога го победија Ајнтрахт.

Scroll to Top