Top Sport

Борусија „џентлменски“ ќе му дозволи на Санчо да замине

Џејдон Санчо има „џентлменски договор“ со Борусија Дортмунд со кој тој може да замине од клубот по исполнување на одредени критериуми, потврди спортскиот директор на клубот Михаел Цорк, но додаде дека такво нешто нема со Ерлинг Халанд.

Санчо и Халанд се меѓу двајцата најталентирани напаѓачи на светот и беа поврзувани со трансфер по фрустрирачката сезона за Дортмунд во која уште не им е сигурно местото во Лигата на шампионите. Агентот на Халанд, Мино Рајола, заедно со неговиот татко Алф-Инге Халанд веќе имаа „европска турнеја“ кај заинтересираните клубови, но Борусија инсистира дека тој нема да замине ова лето, иако сега признаваат дека Санчо ќе може полесно да најде нов клуб.

„Веќе имавме џентлменски договор со Џејдон минатото лето дека може да замине под одредени услови. Тој е со нас повеќе години. Ваков договор нема со Ерлинг“, изјави Цорк за „АРД“.

Манчестер јунајтед минатото лето се обидуваа да го донесат Санчо, но не ја достигнаа цената од 150 милиони евра кои ја бараа од Дортмунд.

 

Scroll to Top