Top Sport

Ултрасите на Милан контра Донарума – или потпиши договор или не играј против Јуве

На ултрасите на Милан очигледно не им се допаѓа одложувањето на потпишувањето на новиот договор со Џанлуиџи Донарума, откако вчера имале состанок со голманот на кој инсистирале тој да не игра против Јувентус ако нема нов договор.

Милан веќе ја пратија последната понуда кон својот голман пред истекот на договорот на 30 јуни, но се верува дека Јувентус му нудат 2 милиони евра повеќе по година ако премине кај нив како слободен играч.

Според „Скај спорт Италија“, група навивачи го посетила тренинг-центарот во Миланело вчера попладне, неколку часа пред мечот со Беневенто барајќи состанок со Донарума. Клубот го одбил ова, но Донарума сам излегол да зборува со нив.

Scroll to Top