Фудбалерите на српскиот клуб Чукарички протестираа со седење на теренот на судиската неправда при 2:3 домашниот пораз од Раднички Ниш, кој според нив го креираше судијата Илија Брдар.
Брдар досуди сомнителен пенал за Раднички во 50. минута и исклучи еден играч на Чукарички, а до 73. минута црвени картони добија и помошникот тренер Шарац и дефанзивецот Дарко Пушкариќ.
Во 77. минута од мечот во знак на протест тие седнаа на терен (на 11:20 од видеото) а навивачите врескаа „крадци“ кон судијата.