Top Sport

Сити го сакаат Мбапе ако УЕФА го казни ПСЖ

Манчестер сити е подготвен да тргне по францускиот тинејџер Килијан Мбапе доколку Пари Сен-Жермен бидат казнети од УЕФА поради прекршувањето на правилата за финансиски фер-плеј, јавува „Дејли мирор“.

ПСЖ, кои вечерва можат да ја потврдат титулата од францускиот шампионат, се под истрага на УЕФА откако прво платија 222 милиони евра за Нејмар од Барселона, по што се договорија со Монако за позајмица на Мбапе, за ова лето да ја платат конечната сума од 180 милиони евра.

Ако УЕФА реши дека се прекршени правилата, на „светците“ им се заканува исфрлање од Лигата на шампионите, големи казни, но и приморување да продадат играчи. Шефот на Сити, Пеп Гвардиола бил импресиониран од 19-годишниот Мбапе уште минатото лето по двата дуели на Монако во осминафиналето на Лигата на шампионите против Сити минатат сезона.

Сити и Гвардиола најавија дека се потребни нови засилувања на тимот кој „газеше“ во Премиер лигата оваа сезона, но повторно не успеа во Европа, по елиминацијата во четврт-финалето од Ливерпул. Прва мета според „Мирор“ е Еден Азар од Челси, за кои се подготвени да платат околу 150 милиони фунти, но доколку Мбапе биде на „пазарот“, тогаш тој е приоритет.

Фото: ЕПА

Scroll to Top