Откако вчера Интер ја осигура титулата во Серија А, кормиларот на „сино-црните“ Антонио Конте објасни како хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ од отфрлен фудбалер стана еден од клучните играчи во екипата.
„Мојата почетна идеја кога дојдов во Интер летото 2019 година беше Перишиќ да биде офанзивен одбранбен играч, затоа што знам дека има карактеристики за тоа. Може тренерот да има секаква идеја, но треба соработка и со играчите и негова подготвеност за тешка работа. Изминатите неколку сезони играше на различни позиции и не беше подготвен за мојата идеја. Отиде на позајмица во Баерн и се врати со друг менталитет. Перишиќ е голем играч, со фантастична физичка моќ, добар е во скокот, имам квалитети за игра еден на еден. Ми требаше таков Перишиќ и кога стана тоа што треба да е, оттогаш игра постојано. Знае дека очекувам уште повеќе од него, тој има квалитет да биде уште подобар“ – рече тој за „Sky Sport“.
Интер вчера ја осигураше 19-тата титула во Италија, прва по ерата на Жозе Мурињо на клупата на „Нероазурите“.