Карло Анчелоти може да добие нов предизвик и да ја преземе улогата на главен тренер на кинескиот тим Гуангжу Евергранде, како замена за бразилскиот стратег Луиз Фелипе Сколари.
Сколари ги предводеше Евергранде до седма титула во низа во шампионатот на две кола пред крајот на сезоната на 4 ноември, меѓутоа, еден од најамбициозните кинески тимови сака да оди чекор напред со италијанскиот стратег.
Анчелоти остана без работа откако Баерн Минхен го отпушти по слабиот старт на сезоната и беше заменет со Јуп Хајнкес. Шпекулациите го поврзуваа со местото на главен тренер на Милан на местото на Винченцо Монтела, меѓутоа кинеските медиуми тврдат дека тој веќе следниот месец патува во Кина да стави потпис на договорот.