Top Sport

Дорел Рајт од Игокеа оди во Бамберг

Најдобриот играч на Игокеа Дорел Рајт ќе ги засили редовите на германскиот шампион Бросе Бамберг.

Изминатите денови се шпекулираше дека Рајт ќе ја засили Црвена звезда, но крај на сите шпекулации стави генералниот менаџер на Игокеа, Иван Додик, кој на својот „Твитер“ налог потврди дека Рајт по само четири одиграни натпревари ќе замине од клубот од Лакташи.

Рајт има 31 година, во 2004 година на НБА драфтот како 19 пик беше избран од Мајами Хит и со овој тим во 2006 година ја освои шампионската титула.

Потоа настапуваше за Голден Стејт Вориорс, Филаделфија 76, Портланд Трејлблејзерс, а кратко време играше и во Кина.

Scroll to Top