Top Sport

Германија на Хрватска и го „грабна“ талентираниот Соса

Германија успеа да и го грабне на Хрватска талентираниот лев бек Борна Соса. „Индекс“, повикувајќи се на свои извори, објави дека Соса по итна постапка бил натурализиран. „Скај Германија“, објави дека мајката на Соса е родена во Берлин и дека поради тоа фудбалерот на Шуттгарт добил германски државјанство.

Борна Соса, блеска во Штутгарт оваа сезона, забележал девет асистенции и е ееден од најдобрите на својата позиција во Бундес лигата.

Според „Скај Германија“, селекторот на Германија, Јоаким Лев, сериозно размислувал за Соса како опција на левата страна во одбраната. „Билд“, пак тврди дека Соса веќе се наоѓа на поширокиот список на кој има 32 имиња и дека сигурно ќе биде меѓу 26-минатат кои ќе патуваат на ЕУРО 2020.

„Подолг период го следиме. Веруваме дека може да биде репрезентативец на Германија“, рекол спортскиот директор на репрезентацијата, Оливер Бирхоф.

Прашање за Хрватите е зошто 23-годишникот досега не дебитирал за сениорскиот тим. Соса во кариерата има одиграно 19 натпревари за младата селекција на Хрватска. Според правиата на ФИФА, бидејќи нема настап за сениорскиот тим на Хрватска, тој мпже да бида за која репрезентација ќе настапува.

Scroll to Top