Top Sport

Азар ќе биде ставен на трансфер листата

Реал Мадрид се подготвени да го продадат Еден Азар. Белгиецот, не ги оправда вложените 100 милиони евра во неговиот трансфер, а отказот со го потпиша во средата во Лондон. По елиминацијата на Реал од Лигата на шампионите, Азар со насмевка на лицето се дружеше со поранешните соиграчи од Челси.

Флорентино Перез, нема повеќе трпение со фудбалерот кој од доаѓањето во Мадрид повеќе време мина на рехаблитиација откулу на фудбалските терени. Азар, во првата сезона одигра 22, а досега во втората само 18 натпревари. Премалку за сумата која клубот ја вложи во него.

Кога го направи трансферот во Реал, според „Трансфермаркт“, негоата ведност беше 150 милиони евра, денес според истиот извор изнесува 40 милиони евра.

Во Реал се свесни дека нема да можат да ги вратат вложените пари, а „Марка“ тврди дека во клубот би прифатиле сума од 40 до 50 милиони евра за Азар.

Scroll to Top