Плејмејкерот на ЦСКА Москва, Лео Вестерман, открил дека за малку ќе му била ампутирана ногата по натпреварот со ВЕФ Рига, во ВТБ лигата, во октомври минатата година.
Поранешниот кошаркар на Партизан, Лимож и Жалгирис, на овој натпревар доживеал сериозна повреда поради што следувала итна операција.
„Во дуелот со Рига добив силен удар во артеријата, но тоа не беше веднаш откриено. Ногата ме болеше цела ноќ. Наредниот ден итно ме оперираа. Кога се разбудив видов две големи дупки во мојата нога. Хирургот ми кажа дека ќе морал да ми ја ампутира ногата доколку поминеле уште неколку часа“, рекол Вестерман.
Вестерман со ЦСКА избори пласман во четврт-финалето во Евролигата. За пласман на завршниот турнир во Белград, ЦСКА ќе игра против Химки. Серијата започнува вечерва.