Top Sport

Манчестер сити ќе добие забрана за трансфери

Пеп Гвардиола најави дека клубот ќе биде активен на трансфер пазарот, во летниот преоден рок, но Манчестер сити може да остане без планираните засилувања доколку Меѓународниот спортски суд (ЦАС) пресуди во корист на аргентинскиот фудбалски клуб Велез Сарсфилд.

Велес се жалел кај ФИФА, дека Манчестер сити, незаконски контактирал малолетен фудбалер што бил дел од младинските категории на клубот. Сити, најпрвин стапил во контакт со тогаш 15-годишниот Бенџамин Гаре, а кога фудбалерот наполнил 16 години Манчестер сити потпишал договор со него.

Гаре сега е дел од тимот на Сити за играчи до 23 години, а на „Етихад“ пристигнал во јуни 2016 година.

И покрај тоа што Велез Сарсфилд поднесе жалба до ФИФА, од Светката фудбалска федерација го одобриле трансферот. Аргентинците сега одат чекор подалеку, го тужат Манчестер сити пред Меѓународниот спортски суд. Тие тврдат дека правилото на ФИФА дека играчите до 18-годишна возраст можат да ги менуваат клубовите важи само за Европа, а не и за Јужна Америка.

Според правните експерти Велез има големи шанси да го добие спорот, а ЦАС одлуката треба да ја донесе во наредните седум дена.

Доколку Велес Сарсфилд го добие случајот, тогаш Манчестер сити ќе биде казнет со забрана на трансфери во овој и веројатно во наредниот, зимски преоден рок.

Сити не би бил првиот клуб што би добил ваква казна. Поради кршењето на ова правило Барселона доби забрана за трансфери во два преодни рока во 2015 година и парична казна од 330.000 евра. Две години подоцна, забрана за трансфери во два преодни рока и парична казна од 500.000 евра, доби Атлетико Мадрид, додека Реал во истиот период како и Атлетико, беше парично казнет со 250.000 евра и забрана за трансфери во зимскиот преоден рок во 2017 година.

Scroll to Top