НБА саботата беше одбележана со некои тесни дуели во борба за плејофот и некои фантастични индивидуални остварувања.
Денвер нагетс во интригантната битка со Бруклин нетс, загубија со 125:119 и покрај тоа што Денвер на домашен терен имаа 21 поени предност. Српскиот ас Никола Јокиќ имаше 29 поени, 7 скока и 6 асистентенции, Мајкл Портер уфрли 28, а Факундо Кампацо 19, но од другата страна Кевин Дурент одговори со 33 поени, 11 скока и 7 асистенции, а Кајри Ирвинг имаше 31 поен.
Јокиќ, пак, ги загуби нервите во финишот на мечот, кога по едно потфрлување при 112:119 предност на Бруклин, дојде до топката, но шутираше непрецизно. Тој сметаше дека треба да добие фаул, по што доби и техничка грешка.
Во Сан Франциско пак, Стеф Кари повторно покажа зошт ое еден од најдобрите, постигнувајќи 49 поени за 29 минути при 136:97 победата над Оклахома Сити тандер. Кари, кој има неверојатен просек од 31.9 поени по натпревар, доби мотивација пред мечот, кога Бредли Бил од Вашингтон уфрли 50 поени при 133:132 победата во продолженија над Индијана пејсерс.
„Секако дека следев што прави Бил. Кога некој ќе постигне 50 поени, ќе слушнеш за него“, вели Кари.
Тој имаше 14-од-26 од поле, вклучувајќи 11-од-21 за тројки, за седми пат оваа сезона да има барем 10 тројки.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Вашингтон 132:133
Филаделфија – Детроит 118:104
Торонто – Мемфис 99:109
Портланд – Сан Антонио 124:102
Јута – Хјустон 124:116
Денвер – Бруклин 119:125
Голден Стејт – Оклахома 136:97