Top Sport

Арсенал стави шестмина на трансфер-листата

Арсенал ја подготвиле трансфер-листата. Според англиските медиуми на нема засега има шест имиња. Арсенал, ја играат својата најлоша сезона во последните три децении, клубот по пауза од 26 години остана без пласман во европските купови.

Микел Артета најверојатно ќе остане на клупата и наредната сезона, иако е ги оправда очекувањата. На три кола до крајот Арсенал се деветти во Премиер лигата.

Прв на трансфер-листата е ставен десниот бек Ектор Бељерин. Интерес за Шпанецот покажале ПСЖ, Јувентус и Интер. Клубот ќе можат да го напушта и Мохамед Елнени и напаѓачот Александар Лаказет.

Она што е изненадување е што на трансфер-листата се наоѓа и голманот Берн Лено.

Имињата на останатите двајца кои ќе го напуштат клубот не се познати, пренесе Би-би-си.

Scroll to Top