Фудбалски репрезентативец, Езѓан Алиоски за еден месец ќе го има дебито на Европското првенство во „црвено-жолтиот“ дрес на Македонија. Тој во интервју за официјалниот сајт на ФИФА ги пренесува своите погледи за националниот тим, за атмосферата која владее таму, како и за капитенот, Горан Пандев.
„Доаѓа нова генерација на неверојатни фудбалери, но нема да има легенда како Горан Пандев. Тој даде многу за државата и овој тим, вистински идол. Одлично е што тој стигнува до голем турнир по сите тие обиди“ смета вели Алиоски кој сезонава со успех настапува во Премиерлигата, со тимот на Лидс Јунајтед.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Популарниот Џани смета дека пласманот на ЕП не е врвот на оваа генерација македонски фудбалери.
„Како и секое дете што го сака фудбалот, јас пораснав сонувајќи да играм на сите овие големи натпреварувања – ЛШ, ЕП и СП. Мундијалот и ЛШ сега се мои цели. Кога ја победивме Германија, мора да веруваме дека можеме да стигнеме таму бидејќи според мене сме подобри од Романија, Исланд и другите селекции во нашата група. Да се дојде до Светско првенство е дефинитивно следниот чекор што Македонија треба да го направи“ – изјави Алиоски за ФИФА.