Top Sport

„Мртва“ трка за ЛШ – Ребиќ и Милан го „збудалеа“ Торино, победи за Аталанта и Јувентус

Борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите во Италија ќе се одлучи во последните две кола, откако Аталанта, Милан и Јувентус стигнаа до победи да ги заддржат своите места на табелата.

Милан инспирирани од фантастичната 0:3 победа на гости кај Јувентус минатото коло, повторно славеа во Торино, овојпат со неверојатни 0:7, Аталанта рутински со 2:0 го совлада Беневенто и го доближи до Серија Б, додека Јувентус славеше на тешкото гостување кај Сасуоло со 1:3. Новиот шампион, Интер пак, продолжи со победите со 2:1 триумф над Рома

На „Олимпико“ во Торино, Милан постигна два гола во првите 25 минути од мечот (Тео Ернандез и Френк Кеси), пред да „експлодираат“ во второто полувреме. Брахим Дијаз во 50. минута зголеми на 0:3, Тео Ернандез во 62. минута го постигна својот втор гол, пред Анте Ребиќ да влезе во елемент и да постигне хет-трик (67., 72. и 79.).

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Овој резултат ги остава Милан на третото место со 75 поени, колку што има и Аталанта на второто место, и пред Наполи со 73 и значи дека победата на Јувентус значи дека „бјанконерите“ ќе чекаат кикс на овие три клуба за да не играат Лига Европа следната сезона.

Сасуоло утнаа пенал во 16. минута (Доменико Берарди), пред Јувентус да постигне два гола до крајот на полувремето, прво Адриен Рабио во 28. минута, за потоа Кристијано Роналдо да го постигне својот 100. гол за Јуве во 45. минута. Распадори намали на 1:2, пред Пауло Дибала да ги осигура трите поени во 66. минута.

Интер, во необични дресови во знак на респект кон спонзорот „Пирели“, дојдоа до 2:0 водство во првите 20 минути преку Марцело Брозовиќ и Матијас Весино, пред Хенрик Мхитарјан во 31. минута да ги постави конечните 2:1.

СЕРИЈА А, 36.КОЛО

Сасуоло – Јувентус 1:3

Торино – Милано 0:7

Атланта – Беневенто 2:0

Болоња – Џенова 0:2

Интер – Рома 3:1

Лацио – Парма 1:0

Сампдорија – Специја 2:2

Каљари – Фиорентина 0:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top