Атлетико Мадрид е блиску до својата прва шпанска титула од 2014 и вкупно 11-та во историјата на „рохибланкос“, откако вечерва рутински со 2:1 го совладаа Реал Сосиедад.
По киксовите на главните ривали Реал Мадрид и Барселона во последните мечеви, тимот на Диего Симеоне сега има четири поени предност пред Барса и пет пред Реал (со натпревар помалку), и тимот на Диего Симеоне е блиску до слава.
Против баскискиот ривал, Атлетико бргу ја реши дилемата за победникот – Јаник Караско во 16. минута ги донесе во водство, за Анхел Кореа да зголеми на 2:0 во 28. минута. Головите беа бурно поздравени од стотина навивачи, кои се собраа пред „Ванда метрополитано“ подготвени за славје. Игор Зубелдија во 83. минута намали на 2:1 и го направи финишот понервозен за домаќините.
Во последните две кола, Атлетико играат со Осасуна и Валјадолид, реално многу послаби тимови и тешко е да се очекува дека ќе ја пропуштат оваа шанса.
? Así están los aledaños del Wanda Metropolitano durante el #AtletiRealSociedad pic.twitter.com/5xr4siQObA
— Radio MARCA (@RadioMARCA) May 12, 2021
The Atletico Madrid fans supporting their team outside the stadium are so loud they can be heard inside the Wanda Metropolitano ??
At 23 #CHEARS #N100 Jay Z Mercy Johnson Fela VN in the DM Havertz Kepa Saka Nike pic.twitter.com/Ta57cLLKes
— FootballChampions (@FootballChamp0) May 12, 2021