Легендарниот бејзбол играч, Алекс Родригез заедно со бизнисменот Марк Лор, постигнале договор за купување за НБА франшизата Минесота Тобмервулфс.
Родригез и неговиот партнер на досегашниот газда, Глен Тејлор ќе му платат 1,5 милијарди долари.
Според американските медиуми, поранешниот сопруг на поп ѕвездата Џенифер Лопез и Лор ќе имаа по 50 отсто од сопственоста на клубот. Исто така овие двајца ќе бидат газди и на женскиот тим Минесота Линкс, од сезоната 2023/2024.
Минесота Тимбервулфс во последните 18 години само еднаш учествувале во плеј-офот.