Top Sport

Тухел ќе добие пари за да купи напаѓач од светска класа

Томас Тухел, во летниот преоден рок ќе добие 150 милиони фунти за да го засили тимот. Најголем дел од оваа сума, менаџерот на Челси ќе ги потроши на напаѓач од светска класа, односно играч кој ќе можа да постигне 25+ голови во сезоната.

Не е тајна дека Челси и Тухел сакаат во тимот да го видат Ерлинг Халанд. Обесштетувањето за напаѓачот не претставува проблем за „сините“, проблем е платат од 30 милиони евра по сезона, која за својот клиент ја бара менаџерот Мино Рајола.

Желба на Тухел ие и поранешниот напаѓач на челси, Ромелу Лукаку, кој сезонава ги однесе Интер до титулата во Серија А.

На „Стенфорд Бриџ“ ја следат и ситуацијата со Хари Кејн. Голгетерот на Тотенхем уште една сезона ќе заврши без освоен трофеј. Пред десетина дена тој кажа дека е подготвен да замине доколку Тотенхем не формира тим кој ќе може да се носи со најсилните англиски екипи.

Scroll to Top