Серија А одлучи финалето во Купот на Италија да се игра со публика на трибините. За трофејот во Купот, во Реџо Емилија на 19.мај, ќе играат Јувентиус и Аталанта.
Одлуката е да биде исполнет 20 отсто од капацитетот на стадионот „Мапеи“, што значи дека на трибините ќе има 4.000 навивачи.
Двата тима од Серија А ќе добијат по 2.000 влезници.
Јувентус е рекордер во Купот со 13 освоени титули, додека Аталната својата единствена титула во Купот ја има освоено во 1963 година.