Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер сити и Барнли, контроверзниот Џои Бартон ќее новиот тренер на тимот од Лига 1 (третата лига во англискиот систем), Флитвуд таун. Сепак, тој ќе мора да почека до 2 јуни, кога ќе му заврши суспензијата за обложување на мечеви.
„Возбуден сум од предизвикот кој го имаме во проектот Флитвуд. Ова е тим кој го познавам доволно долго и имам добри односи со претседателот на клубот. Пресреќен сум што доаѓам во клуб со големи амбиции“, вели Бартон.
35-годишниот Бартон беше суспендиран 18 месеци од ФА откако призна дека поставил 1.260 облози од 2006 до 2016 година. Казната беше намалена на 13 месеци.
Но, ова е само еден од повеќето инциденто во неговата кариера, одбележана со дисциплински проблеми и две пресуди за насилство. Во мај 2008 тој беше осуден на шест месеци затвор поради напад во центарот на Ливерпул, но помина само 77 дена во затвор.
На 1 јули 2008, тој доби четиримесечна условна казна затвор откако на тренинг на Манчестер сити го нападна колегата Усман Дабо. ФА трипати го казнуваше Бартон – за нападот на Дабо, за боксот кој му го дадена Мортен Педерсен и за напад на тројца фудбалери на последниот меч од сезоната 2011/12.
✍️ | Fleetwood Town can confirm an agreement has been reached for @Joey7Barton to become the club's new Head Coach as of June 2nd.
Full details: https://t.co/ZPz5vAaCOD pic.twitter.com/cQ3BbjqrR7
— Fleetwood Town FC (@ftfc) April 18, 2018
Фото: ЕПА