Top Sport

Румениге: Ако некој може да го победи Реал тоа е Баерн

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге верува дека неговите момци можат да го спречат Реал Мадрид да стигне до трета титула во низа од Лигата на шампионите уште во полуфиналето.

Ако шампионите од Бундеслигата успеат да го минат Реал ќе бидат во игра да ја комплетираат тројната титула, откако го „скршија“ Баер Леверкузен со 6:2 за пласман во ДФБ купот. Во второто полуфинале од ЛШ играат Ливерпул и Рома.  Румениге двапати стануваше европски шампион со Баварците.

„Нашиот тим е полн со целосна верба во своите квалитети и мислам дека е прекрасно да си навивач на Баерн во моментов. Мораме да останеме концентрирани, но ако некој може да го победи Реал, тоа е Баерн. Тие се силни, но и ние сме моќни“, вели Румениге.

Фото: ЕПА

Scroll to Top