Езџан Алиоски и неговиот потег, со кој на Двајт Мекнил од барнли му покажа дека се однесува како кловн е тема на денот во Англија.
Видеото експресно стана хит на социјалните мрежи, а од Барнли уште си ги лечат фрустраициите. Лидс јунајтед го декласира Барнли со 4:0, а по мечот Мекнил го обвинил Алиоски за недолично однесување.
Менаџерот на Барнли, Шон Дајч најави дека клубот ќе го пријави Алиоски во Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
„Однесувањето на Алоски го наведовме во записникот, ФА ќе мора да ја разгледа целата ситуација“.
Оваа пријава на Барнли и Мекнил може да им се „удри од глава“, бидејќи на едно видео се забележува дека Мекнил плука во правец на Алиоски додека овој лежи на тревата.
McNeill spat on his head pic.twitter.com/wfYpwDp6OC
— Paul Leeds (@Paul_Leeds67) May 15, 2021