Top Sport

Керик ќе ги смирува Мурињо и Погба?

Мајкл Керик разговарал со колегата од Манчестер јунајтед Пол Погба во обид да ги поправи односите на Французинот со менаџерот Жозе Мурињо, тврди британскиот таблоид „Дејли мејл“.

36-годишниот Керик, кој официјално уште е капитен на Јунајтед, е во последната сезона како фудбалер пред да стане помошник на Мурињо откако поради проблеми со срцето мора да се повлече од фудбалот.

Според „Мејл“, Погба и Мурињо неколку месеци воопшто не разговараат и Португалецот е разочаран од непостојаноста на играчот за кој клубот плати 100 милиони евра. Односите дојдоа на најниско ниво во неделата, кога Мурињо го повлече Погба при 0:1 поразот од последнопласираните Вест Бромвич Албион по што јавно го критикуваше за формата.

По ова дојдоа шпекулациите дека Јунајтед би го продале Погба, а извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудвард наредил ситуацијата да се „смири“. Керик, кој има големо влијание во соблекувалната на клубот е човекот кој може да го направи ова.

25-годишниот Погба заработува над 200.000 неделно плус парите од правата за користењето на неговиот лик и ќе добие 3.46 милиони фунти бонус и зголемување од платата за 1.875 милиони фунти доколку Јунајтед се квалификуваат за Лигата на шампионите.

 

 

Scroll to Top