Top Sport

Вилијамс предупредуваат: Тимот може да се затвори!

Заменикот шеф на тимот на Вилијамс, Клер Вилијамс вели дека постојат големи сомнежи околу иднината на Ф1 тимот доколку не се усогласи ограничување на буџетот од 2021 година.

По состанокот во Бахреин, каде што новите сопственици „Либерти медија“ го претставија планот во пет точки, Вилијамс беше еден од тимовите кои јасно порача дека мора да се донесе ограничен буџет за да можат да се борат со големите тимови на Мерцедес, Ферари и Ред бул.

„Ако гледаме од наша перспектива, ако не се случи ова, тогаш Вилијамс Ф1 ќе се затвори, целата компанија. Во Бахреин имаше позитивна атмосфера, но има некои луѓе во спортот кои се негативни околу тоа“, вели Вилијамс.

Ограничен буџет од друга страна ќе значи губење на работни места во тимовите кои трошат многу, но Клер Вилијамс вели дека ова е неопходно за доброто за спортот.

„Понекогаш е потребно да се гледа поголемата слика за доброто на Ф1. Не ги знаеме бројките и секако ќе биде проблематично да се реорганизираат одредени тимови и не е добро некој да загуби работа. Меѓутоа, ако сакаме да ја спасиме Ф1 тогаш се потребни и такви потези“, додава Вилијамс.

Фото: ЕПА

Scroll to Top