Манчестер јунајтед се врати на победите по шокантниот пораз од последнопласираните Вест Бром со што ја „предадоа“ титулата на Манчестер сити, откако на гостувањето кај Бурнемаут стигнаа до релативно рутинска 0:2 победа.
Мурињо изненади со стартен состав во кој беа Маруан Фелаини, Матео Дармијан, Антони Марсијал и Лук Шо, додека Алексис Санчез, Немања Матиќ и Ромелу Лукаку беа на клупата, во обид да ја задржи свежината пред полуфиналето од ФА купот против Тотенхем.
Јунајтед дојдоа во водство преку дефанзивецот Крис Смолинг, кој доби одлична топка од Џеси Лингард во 28. минута од мечот, додека конечните 0:2 ги постави Лукаку во 70. минута, осум минути откако влезе на теренот по добра асистенција на Погба.