Играчите на Реал Мадрид доминираа во понеделникот на доделувањето на ФИФА наградите. Заслужено Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во светот за 2017 година, а покрај Португалецот уште четврорица негови соиграчи се најдоа во идеалниот тим, додека Зинедин Зидан ја доби наградата за најдобар тренер.
Наградите кои ги собраа играччите и тренерот на „кралискиот клуб“ се резултат на одличната сезона, во која Реал прв пат по 2011 година ја освои титулата во домашниот шампионат и стана првата екипа која во овој формат на Лигата на шампионите ја одбранил титулата.
Тренерот на годината, Зинедин Зидан, на прашањето на „Марка“ кој е најважниот играч на Реал имал интересен одговор.
„Серхио Рамос е капитен, тоа го знаат сите, но исто така тој е и најважниот играч за нас“, рекол Зидан.
Прашање е како на овој одговор на својот тренер ќе реагира Криситијано Роналдо.