Повеќе од 20 навивачи на фудбалскиот клуб Левски од Софија биле уапсени вчера, откако на натпреварот против ЦСКА предизвикале експлозија, во која потешко била повредена припадничка на бугарската полиција.
Најголмото дерби на бугарскиот фудбал дуелот на ЦСКА и Левски заврши 2:2, а како и многу пати во минаото беше исполнето со инциденти и насилство од страна на навивачите.
ЦСКА по првиот дел имаше предност од 2:0 со головите на Каранга и Енрике, а во второто полувреме Левски израмни преку Горанов и Паулињо.
Докрајот на мечот судијата покажа и два црвени картони, по еден за секоја екипа.
Ваквиот развој на настаните не им допаднал на навивачите на Левски, кои според полицијата, фрлиле бомба. Во овој инцидент потешко бил а повредена една полицајка, на која потоа и било оперирано окото.
„Нејзината здравствена состојба и понатаму тешка. Оперирана, но и парчиња стакло има уште на нејзиното лице. Вакво нешто е недопустливо. Тоа не беше петарда или обид да се направи огномет, тоа беше бомба. Ова е екстремно непријатен и грозен инцидент“, рекол шефот на полицијата Антон Златанов.
На табелата во бугарското првенство води Лудогорец со 78 бода, ЦСКА има 70 на второто место, а Левски е на четвртата позиција со 51 бод.