Top Sport

Зимска пауза во Премиер лигата од 2020 година

Плановите за воведување на 14-дневна пауза во Премиер лигата би можеле да бидат преставени по завршувањето на сезоната, објавија британските медиуми. Би-би-си пишува дека зимската пауза во Премиер лигата би можела да биде водедена на почетокот на 2020 година.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го разгледала и овој предлог, откако претходно било договрено натпреварите од петтата рунда во ФА купот да се играат во текот на работната недела и да нема реванш доколку нема победник.

Реванш дуелите во ФА купот ќе останат во третото и четвртото коло.

ФА долго време ја пласира идејата за зимска пауза, каква што постои во цела Европа. Во владеачкото тело на англискиот фудбал се убедени дека играчите се истрошени од напорниот ритам, поради што се преморени за натпреварите во европските купови.

Scroll to Top