Новак Ѓоковиќ има само пофални зборови за младиот хрватски тенисер Борна Чориќ, откако вчера, по голема борба, успеа да го елиминира во второто коло на мастерсот во Монте Карло.
Српскиот тенисер по два и пол часа борба ја искористи десеттата меч топка и забележа победа 7:6, 7:5.
„Господ знае колку шанси пропуштив. На крајот важна е победата“, рекол Ѓоковиќ, а потоа поделил комплименти за играта на Чориќ.
„Борна игра слично тенис каков што играм јас. Поради тоа има чувство дека сум пред огледало. Повторно покажа дека е полн со самодоверба и дека оваа година игра одлично. Тој е добра личност, мој добар пријател и супер талентирано момче“, рекол Ѓоковиќ.
На мастерсот во Монте Карло, Ѓоковиќ денес во третото коло, ќе игра против Австриецот Доминик Тим.