Top Sport

Лекарите бараат од владата да ги откаже Игрите во Токио

На десет недели до почетокот на Олимписките игри во Токио, расте притисокот на јавноста во земјата, Игрите да бидат повотрно одложени или откажани.

Последни кои го кренаа гласот против одржувањето на олимписките игри се јапонските лекари. Националното здружение на јапонските лекари ги повика организаторите да ги одложат Игрите.

„Болниците се преполни, а земјата се потешко се бори со коронавирусот“, стои во барањето на лекарите.

„Ги повикуваме власите да разговараат со Интернационалниот олимписки комитет. Во овие услови невозможно е Игрите да бидат одржани. Доаѓањето на преку 20.000 луѓе само ќе го зголеми ризикот од ширењето на заразата“, се вели во писмото кое лекарите го испратиле до јапонската влада.

Писмото го потпишале повеќе од 6.000 јапонски лекари.

Токио се наоѓа во вонредна состојба, која е продолжена до 31.мај. Последните истражувања покажале дека преку 80 отсто од Јапонците бараат Игрите да се одложат или да бидат целосно откажани.

Scroll to Top