Top Sport

Хоџсон заминува од клупата на Кристал Палас

Рој Хоџсон по завршувањето на сезоната ќе отстапи од менаџерската позиција во Кристал Палас. Последен натпревар за највозрасниот менаџер во Премиер лигата, ќе биде гостувањето на „Енфилд“, кај Ливерпул.

Хоџсон, во клубот од својата младост, пристигна во 2017 година. Кристал Палас го предводел на 162 натпревари.

„По 45 години тренерска работа решив дека ова е вистинскиот момент за пензионирање. Уживав во последните четири години во Кристал Палас. Сакам повеќе време да му посветам на семејството и да се занимавам со други работи. На клубот му посакувам многу среќа, сигурен сум дека се наоѓа во добри раце“, рекол Хоџсон.

Во текот на својата кариера, Хоџосн бил тренер во преку 20 клубови, бил селектор на Финска и Швајцарија, а Англија ја предводел од 2012 до 2016 година.

Медиумите во Англија тврдат дека на местото на Хоџсон Кристал Палас ќе го ангажираат Френк Лампард.

Scroll to Top