Доминик Тим, последниот човек кој го совладал Рафа Надал на земјена подлога, покажа дека проблемите со повредите се минато, откако се врати од сет-негатива за 6:7(2)/6:3/6:2 победа над Новак Ѓоковиќ во третото коло на Мастерсот во Монте Карло.
Ждрепката не ги посака двајцата тенисери да се сретнат толку рано на елитните терени во малото кнежевство. Тим, кој го победи Надал во четврт-финалето во Рим во 2017 година, ја забележува само втората победа над Ѓоковиќ по таа на Ролан Гарос минатата сезона.
Ѓоковиќ, кој се враќа по долгата пауза поради повредата на лактот, имаше два одлични меча на стартот во Монте Карло, а откако го доби првиот сет во тај-брејк, едноставно немаше сила против помладиот Австриец.
Иако специјалист за игра на земја, ова е првпат Тим да е во четврт-финалето во Монте Карло.
Фото: ЕПА
Dream Thiem. ??@ThiemDomi survives a gripping encounter with Novak Djokovic to reach his first #RolexMCMasters quarterfinal.
6-7(2) 6-2 6-3 pic.twitter.com/NVurS02hlM
— Tennis TV (@TennisTV) April 19, 2018