Top Sport

Толку од Ренато Санчес во Свонси

Менаџерот на Свонси, Карлос Карваљал вели дека е тешко да се верува дека поранешниот освојувач на наградата „златно момче“, Ренато Санчес ќе игра за клубот до крајот на сезоната откако се повреди во јануари.

Португалскиот играч од средниот ред официјално е фудбалер на Баерн Минхен, но во јануари го повреди бутниот мускул по разочарувачка полусезона во Премиер лигата.

„Тој почна со тренинзи, но мора да се врати во физичка форма за да може да игра. Нема уште многу до крајот на сезоната“, вели Карваљал.

Санчес беше „откровение“ на Европското првенство во 2016 година, помагајќи Португалија да дојде до титулата, но Карваљал вели дека 20-годишниот фудбалер нема шанси да биде во националниот тим ова лето.

„Не верувам дека има шанси да оди на Мундијалот. Зборував со него и сфаќам дека тренира напорно бидејќи мисли дека можеби ќе го повикаат, но со ваква повреда не верувам дека ќе биде таму“, вели Карваљал за својот сонародник.

Ренато Санчес бил „оштетен“ фудбалер

Ренато Санчез додаде до лого! (видео)

 

Scroll to Top