Минатогодишниот англиски шампион Челси останува во игра за пласман во Лигата на шампионите и следната сезона, откако стигна до 2:1 победа на тешкото гостување кај Барнли за да дојде на пет поени од Тотенхем, кои се на четвртото место, последно кое води во елитното европско натпреварување.
Од друга страна, Барнли пропушти со победа да го мине Арсенал на шестото место во Премиер лигата.
Челси дојде во предност откако во 20. минута Кевин Лонг си постигна автогол, но домаќините израмнија во второто полувреме преку Ешли Барнс во 64. минута, откако тој го пренасочи ударот на Гудмундсен. Само пет минути подоцна Виктор Мозес донесе победа за „Сините“ за намалување на притисокот на тренерот Антонио Конте.