Top Sport

Лукаку го смени Ибра како крал на Милано

Ромелу Лукаку очигледно станува идол на навивачите на Интер, откако белгискиот напаѓач по фантастичната сезона во која „нераѕурите“ по една деценија го освоија скудетото доби нова песна во негова чест.

Автор на песната е раперот Томи Кути, Италијанецот со нигериско потекло, и носи едноставен наслов: „Нумеро 9“, поради неговиот дрес.

Во песната се зборува за неспособноста на дефанзивците да се справат со неговите квалитети, но и за судирот со Златан Ибрахимовиќ: „Лидерот се врати, на врвот на лигата. Јас не го избрав, но тој беше крунисан за новиот крал на Милано“.

Scroll to Top