Top Sport

Нејмар го „состави“ идеалниот фудбалер: Брзината на Мбапе, левата нога на Меси, дефанзивата на Канте…

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, во интервју за француските медуми, говорел за својата кариера и одговорил на прашањето кои карактеристики би требало да ги има совршениот фудбалер.

„О човеку…совршен играч? Влегувам и јас тука? Влегувам, добро тогаш да почнеме“, рекол Нејмар и продолжил.

„Кока станува збор за физичките предоспозиции тука би го земал Кристијано Роналдо. Би ја додал „еластичноста“ на Златан Ибрахимовиќ и играта со глава што ја има Серхио Рамос. Треба да ја има брзината на килијан Мбапе и левата нога на Лионел Меси. Би дополнил дека треба да знае да се позиционира како Роберт Левендовски, да ја има дефанзивната игра на нголо Канте и да знае да креира акции на средината како Марко Верати. Тоа според мене би бил совршен играч“.

Scroll to Top