Top Sport

УЕФА објави колкава штета ќе им предизвика коронавирусот на најголемите клубови

Водечките европски фудбалски клубови, поради пандемијата на коронавирусот, ќе претрпат загуби од осум милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА) во својот извештај.

Извештајот на УЕФА покажува дека, четири милијарди се загубени поради непродадените влезници, 2,7 милијарди од спонзорските договори и 1,4 милијарди од телевизиските права.

Влијанието на загубите е забележливо во зимскиот преоден рок, според извештајот, во однос на минатата година, клубовите потрошиле 56 отсто помалку пари. Летниот преоден рок забележал пад од 39 отсто, во однос на претходната година.

УЕФА наведува дека е неопходна реформа на правилото за финансиски фер-плеј.

Scroll to Top