Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку реши да се ослободи од услугите на „супер-агентот“ Мино Рајола и да ја предаде својата професионална кариера во рацета на „Рок нејшн спортс“, спортската агенција на раперот Џеј-Зи.
Според магазинот „Форбс“, Џеј-Зи е еден од најуспешните спортски агенти во 2017, на второто место зад Фернандо Феличевич, човекот кој претставува уште една ѕвезда на „Олд Трафорд“, Чилеанецот Алексис Санчез.
Лукаку се приклучува на фудбалерот Џером Боатенг (Баерн Минхен) и на уште неколку имиња од американските спортови, како кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант. Од друга страна неговиот клупски колега Пол Погба, останува во партнерство со Рајола.